Top Sport

Мбапе: Заслужувам да ја добијам „Златната топка“ оваа сезона

И покрај тоа што многумина веруваат дека „Златната топка“ сигурно повторно ќе заврши во рацете на Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство, неговиот досегашен соиграч од Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе верува дека тој ја заслужува наградата.

Со голот од пенал кој вчера го постигна за 1:0 победа на Франција над Грција, Мбапе стана најдобриот француски голгетер во една сезона со 54 гола, поминувајќи го рекордот на Жист Фонтен од 1957/58. 25-годишниот Мбапе помогна ПСЖ да ја освои титулата оваа година, додека во финалето на СП постигна хет-трик при поразот од Аргентина.

„Секогаш е тешко да се зборува за индивидуалните награди, бидејќи мораш сам да се пофалиш и презентираш, а на тоа не се гледа добро во очите на јавноста. Според новите критериуми, се работи за некој кој направил влијание со својата игра. Мислам дека одговарам на тие критериуми, така што заслужувам да ја освојам наградата. Но, ќе видиме“, вели Мбапе

Scroll to Top