Француските обвинители извршиле претрес во седиштето на организациониот комитет на Олимпијадата во Париз во 2024 како дел од истрагата за корупција. Организациониот комитет го потврди претресот и додаде дека „соработува со истрагата“.
Париз е третиот организатор на Летна Олимпијада кој е вклучен во корупциски скандал, откако имаше истрага за купување гласови за ОИ во Рио де Жанеиро во 2016, додека во Јапонија беа уапсени повеќе членови на националниот олимписки комитет пред Игрите во Токио во 2020.
Според весникот „Ле монд“, имало претреси и во седиштата на неколку компании и консултанти кои се поврзани со организирање на Олимпијадата, а една од истрагите трае од 2017 година, кога Париз ја доби организацијата. Иронично, рацијата доаѓа во исто време кога во Лозана почнува дводневниот состанок на ИОЦ на кој ќе се оценува прогресот на организирањето на Игрите.
Олимпијадата во Париз е на програма од 24 јули до 11 август 2024.