Фудбалскиот клуб Црвена звезда ги објави цените на влезниците за трите натпревари што ќе ги одигра на домашен терен против Наполи, Ливерпул и ПСЖ.
Клубот објави дека билети за секој натпревар посебно нема да се продаваат, туку во продажба ќе бидат само блок влезниците.
Најефтините билети ќе се оние на северната и јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ и тие ќе се продаваат по цена од 7.500 динари (63,5 евра).
Подобрите места на источната трибина се продаваат по цена од 15.000 динари (127 евра), додека за деловите од источната трибина што одат кон северната и јужната трибина, клубот одреди цена од 12.000 динари (101 евро).
Најскапите влезници се за централниот дел од западната трибина и тие чинат 18.000 динари (153 евра), додека влезниците за деловите од оваа трибина што се блиску до северната и јужната трибина ќе чинат 15.000 динари (153 евра).
Подобрите места на северната и јужната трибина ќе чинат 12.000 динари (101 евро).
Клубот, исто така, објави дека сите навивачи на Црвена звезда што имаат сезонски билети за натпреварите во домашното првенство, блок-билетите за трите натпревари во Лигата на шампионите ќе можат да ги купат за 50-отсто поефтина цена.