Манчестер јунајтед и Реал Мадрид се подготвени да пратат понуда до Интер за дефанзивецот Федерико Димарко, тврди „Индепендент“.
25-годишниот Димарко постигна шест гола и имаше 10 асистенции во 50 настапи за тимот на Симоне Инзаги во 2022/23, а има и долгорочен договор до 2026 година со „нераѕурите“. Сепак, во Италија се верува дека Интер мора да продаде барем еден од своите поскапи играчи за да ги исполнат побарувањата со финансискиот ферплеј и покрај тоа што ќе заработат добро по пласманот во финалето на Лигата на шампиони.
Интер би преферирале да можат да го задржат Димарко и наместо тоа да ги продадат Робин Госенс и Марцело Брозовиќ ова лето.