Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека ако морал бил подготвен да го продаде Жоао Кансело дури и на лутиот градски ривал, Манчестер јунајтед.
Сити ги изненадија сите кога го пратија Жоао Кансело на позајмица во Баерн Минхен, но Гвардиола вели дека морал да го исфрли Португалецот од тимот без разлика на цената.
„Мислам дека Барселона не беа добро информирани за Кансело. Вистината беше дека решивме тој да замине и не ми беше грижа каде ќе оди, ако сакаше можеше и во Манчестер јунајтед. Тоа го средуваше неговиот агент“, вели Гвардиола.
29-годишниот Кансело останува играч на Сити, откако Баерн решија да не го откупат неговиот договор.