Top Sport

Меси ќе дебитира за Интер Мајами на 21 јули против Круз Азул

Лионел Меси ќе го одигра првиот меч за неговиот нов клуб Интер Мајами на 21 јули, кога МЛС клубот ќе го пречека мексиканскиот Круз Азул во меч од Лига купот на Централна Америка, потврди косопственикот на клубот, Хорхе Мас.

Меси уште официјално не е играч на Интер Мајами, кои работат на финализирање на документацијата и на работната виза на Аргентинецот, кој веќе објави дека го избрал американскиот клуб. 35-годишниот Мееси ќе потпише двеиполгодишен догвор вреден 50 милиони долари по сезона, тврди „Мајами хералд“.

Мас вели дека пристигнувањето на Меси е „одлучувачки“ момент во историјата на фудбалот во САД, и чекор кон тоа МЛС да стане една од најдобрите лиги на светот.

„Мислам дека ќе има ера пред и по Меси кога зборуаме за спортот во САД. Сигурен сум дека ќе изградиме најголема лига на светот во Северна Америка, сигурно една од топ 5 лигите“, вели Мас.

Scroll to Top