Мекларен го објавија својот состав за 2019 година, во кој ќе со млад тим ќе се обидат да го вратат тимот на вистинска патека. Британецот Лендо Норис го добива местото на Белгиецот Штофел Фандорне за да биде партнер на потврдениот Шпанец Карлос Саинс Јуниор, кој го заменува Фернандо Алонсо.
Фандорне, кој беше дел од младинската програма на Мекларен последните пет години, а пред две години беше ГП2 шампион, си заминува со „нарушен“ кредибилитет, откако не успеа да биде на нивото на Фернандо Алонсо,
„Му благодариме на Штофел за посветеноста, напорната работа и лојалноста додека беше член на Мекларен. Тој е талентиран тркач со големи успеси во неговата јуниорска кариера и горди сме што го донесовме во Ф1. Не му дадовме вистински болид да го покаже својот талент, но тој покажа дека е фантастичен тимски играч. Тој секогаш ќе биде дел од семејството на Мекларен“, вели шефот на тимот, Зек Браун.
На негово место доаѓа талентираниот 18-годишен Лендо Норис, кој оваа година настапува во Формула 2 шампионатот, каде што е втор во генерален пласман. Норис ќе биде колега со 23-годишниот Саинс, кој доаѓа од Рено.
As we look to the future, take a look back at the impressive journey to @F1 for our young Brit, @LandoNorris. ??? #Lando19 pic.twitter.com/i1Xdb537lQ
— McLaren (@McLarenF1) September 3, 2018
If I could go back and tell this guy he’d be a @McLarenF1 driver in 2019, he wouldn’t believe me. Amazing opportunity. Dream come true #Lando19 pic.twitter.com/v0MZISgxrj
— Lando Norris (@LandoNorris) September 3, 2018