Рик Мачи, поранешниот тренер на Серена Вилијамс, верува дека Новак Ѓоковиќ ќе стане најдобриот играч на трева во историјата доколку го освои Вимблдон.
Српскиот тенисер во Лондон ќе се обиде да дојде до осмиот трофеј, петти по ред, и со тоа да се израмни со пензионираниот Роџер Федерер.
„Ако освоиш најмногу титули, имаш нешто повеќе од другите, имате докази“, рече Мачи и додаде:
„Ако победи, тој е најдобриот тенисер на трева на сите времиња. Начинот на кој се брани, на кој се движи. На сите им кажувам, Федерер изгледаше најдобро, Рафа играше најдобро, но Ѓоковиќ е најдобар. Ако го освои овој турнир, тој ќе стане најдобриот играч на трева на сите времиња. Сè уште не е завршил“.
Ѓоковиќ на терените на Ол Ингланд клубот е во серија од 28 победи.
Вимблдон оваа година започнува на 3 јули.