Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета ги договорил личните услови со Интер и по медицинските тестови во следните неколку дена ќе добие двегодишен договор, тврди „Ла газета дело спорт“.
Шпанскиот дефанзивец треба да биде засилувањее во одбраната на „нераѕурите“, по заминувањето на Милан Шкринијар и Данило Д’Амброзио на крајот на нивните договори на 30 јуни.
33-годишниот Азпиликуета има договор со Челси до 2024, но добил ветување од Челси дека ќе биде ослободен од договорот ова лето. Покрај Шпанецот, според „Скај спорт Италија“, Интер ќе го купат и Јан Аурел Бисек од данскиот Архус за 7 милиони евра.