Манчестер јунајтед поднеле и трета понуда за ѕвездата на Челси, Мејсон Маунт, покажувајќи ја упорноста на Ерик Тен Хаг да го добие потребното засилување во средниот ред на тимот, тврди „Атлетик“.
Последната понуда вреди 55 милиони фунти, и останува да се види дали Челси ќе се согласи, откако побараа 60 милиони фунти за својот фудбалер, иако договорот му завршува во 2024 година. Јунајтед нудат 50 милиони фунти веднаш и 5 милиони фунти во дополнителни бонуси.
Челси и новиот менаџер Маурисио Почетино се обидуваат да ја скратат предолгата листа на играчи под договор – Каи Хаверц е пред потпис со Арсенал, исто како Матео Ковачиќ со Манчестер сити, додека за Калиду Кулибали, Едуар Менди и Хаким Зијеш има понуди од Саудиска Арабија.