Top Sport

Киеза подготвен да замине од Јуве поради тактиката на Алегри

Иднината на Федерико Киеза во Јувентус е крајно неизвесна поради несогласувањето со тактиката на тренерот Масимилијано Алегри, и клубот од Торино е подготвен да го продаде за 60 милиони евра, тврди „Ла Газета дело спорт“.

Италијанскиот репрезентативец неколку пати во минатата сезона јавно го искажа незадоволството со постојаната промена на неговата позиција под Алегри, а според италијанските медиуми, стратегијата 3-5-2 останува во игра и за следната сезона и Киеза е крарјно незадоволен.

Според „Газета“, Астон вила веќе дале понуда за фудбалерот од средниот ред, но Киеза ја одбил, чекајќи понуда од попрестижен клуб, со Ливерпул и Њукасл како можни опции.

Договорот на Киеза со Јувентус трае до јуни 2025 година, и неговите агенти веќе побараа обновување со годишна плата од 7 милиони евра, каква што ја има Душан Влаховиќ.

Scroll to Top