Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу кариера ќе ја продолжи во Падерборн, клубот кој настапува во Втората Бундеслига. Тој треба да потпише двегодишен договор откако ги договорил сите детали.
Потписот се очекува да се реализира во текот на наредната недела. Муслиу оваа сезона беше дел од Инголштад, кој играше во третолигашка конкуренција во Германија.
28-годишниот Висар Муслиу потекнува од младинската школа на Гостивар, во Македонија играше за Ренова, Вардар и за Шкендија, а потоа се пресели во унгарскиот тим МОЛ Фехервар.