Top Sport

Вилијамс-Гос се враќа во Олимпијакос

Американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс-Гос го напушти Реал Мадрид и сега е во потрага по нов клуб. Како што пишува грчкиот медиум „Газета“, одличниот кошаркар е блиску до враќање во Олимпијакос.

Вилијамс-Гос веќе играше во „црвено-белиот“ дрес и е многу познато лице во Пиреја, што дополнително ја подгрева целата приказна. Одличниот кошаркар на маса има понуда за двегодишен договор, а се очекува да се потпише во наредните денови.

Вилијамс-Гос во Олимпијакос пристигна во 2018 година од Партизан, кога на клупата на тимот седеше Дејвид Блат.

Scroll to Top