Top Sport

Заборавениот Македа кариерата ја продолжува во Панатинаикос

Поранешниот „спасител“ на Манчестер јунајтед, Федерико Македа кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос, потпишувајќи тригодишен договор со грчкиот гигант.

27-годишниот Македа стана славен откако како тинејџер постигна клучни голови против Астон Вила и Сандерленд за Јунајтед да ги победат Ливерпул за титулата во 2008/09, но оттогаш неговата форма е само во надолна линија.

Последните две сезони тој ги помина во италијанскиот тим Новара во Серија Б, постигнувајќи 10 гола во 51 меч, но си замина од тимот откако испадна од втората лига. Додека беше фудбалер на Јунајтед, тој беше позајмен играч на Сампдорија, Квинс парк ренџерс, Штутгарт, Донкастер и Бирмингем сити, пред во 2014 да направи трансфер во Кардиф.

Scroll to Top