Ракометниот клуб Бутел продолжува со комплетирање на составот за следната сезона. По ангажманот на новиот стратег Горан Кузманоски, раководството се насочи кон креирање на тимот. Најново засилување е искусниот голман Александар Стојаноски.
„Чест и задоволство е да е носи дресот на Бутел Скопје, клуб што секоја година е во врвот на македонскиот ракомет. Клубот го краси одличната атмосфера, другарство и борбата на терен, па секој би сакал да дојде овде. Имаме одличен млад тим, а заедно со тренерот Горан Кузманоски кој е желен за работа и успеси, верувам дека сите заедно ќе напредуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел на клубот“, вели Стојаноски.
Стојаноски, кој потекнува од Струмица, настапуваше за Зомимак, Младост Богданци, Борец, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш и за босанската Искра Бугојно.