Калиду Кулибали си замина од Челси по само 12 месеци откако пристигна од Наполи, откако саудискиот Ал-Хилал плати 20 милиони фунти на премиерлигашкиот клуб за трансфер на дефанзивецот.
За 32-годишниот Кулибали, Челси платија 34 милиони фунти како едно од првите засилувања во ерата на новиот америански газда, Тод Бели, кој потроши 600 милиони фунти во два преодни рока. Но, Сенегалецот не успеа да ја повтори формата од Наполи и имаше 32 настапи и 2 гола за „сините“ во сезона во која завршија на 12. место.
„Би сакале да му се заблагодариме на Калиду за неговата работа на теренот во периодот во кој беше на ‘Стемфорд Бриџ’ и му посакуваме среќа во иднина“, велат од Челси.
Кулибали е втор играч од Премиерлигата кој го засилува Ал-Хилал, кои оваа недела го комплетираа и трансферот на Рубен Невеш од Вулверхемптон за 41 милиони фунти.
Kalidou Koulibaly has completed a move to @Alhilal_FC. ✍️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) June 25, 2023
🎬 نواصـل كتابة التاريـخ.. معـًا 💙#فيديو_الهلال #الهلال pic.twitter.com/LfvJlq7oPp
— نادي الهلال السعودي (@Alhilal_FC) June 25, 2023