Top Sport

(ВИДЕО) Лука Модриќ останува на „Бернабеу“ и следната сезона

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ го обнови договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година, потврди „кралскиот клуб“. Иако имаше понуди од Саудиска Арабија, тој одлучи да остане верен на Реал.

Хрватот пред 11 години дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од Тотенхем, стана еден од незаменливите играчи во тимот, а во 2018 година ја освои и „Златната топка“ како фудбалер на Реал Мадрид.

Лука Модриќ досега одиграа 488 натпревари за „кралевите“ забележувајќи 37 голови и 77 асистенции. Тој освои 23 трофеи со шпанскиот гигант.

 

Scroll to Top