Top Sport

Икарди ги одбил Јувентус и Наполи

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, која му е и менаџер, открила дека во летниот преоден рок напаѓачот добил две конкретни понуди, но тој решил да остане во Интер.

Икарди долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, меѓутоа според сопругата понудите што пристигнале на неговата адреса биле од Италија.

„Мауро ова лето имаше контакт само со Јувентус. Им даде седум гола и јасно беше дека сакаат да го донесат. Сепак тој имаше јасна цел, да остане во Интер. Јувентус сакаше да го донесе, потоа тие се свртија кон Кристијано Роналдо и тука заврши целата работа“, рекла Ванда Нара и дополнила.

„Работам најдобро што можам. Секој клуб што ќе ме контактира добива одговор. Сепак последниот збор го има Маурои јас тука не се мешам. Исто така разговаравме со Наполи, но Мауро едноставно немаше желба да оди таму. Тој лично немаше никаков контакт со нив“, рекла сопругата на Икарди.

Scroll to Top