Top Sport

УЕФА подготвува нова казна за Црвена звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда се соочува со нова казна од УЕФА, откако европската куќа на фудбалот покрена нова дисциплинска постапка против српскиот шампион. Постапката е покрената поради однесувањето на навивачите и клупските претставници на реванш натпреварот против Слацбург, во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.

УЕФА покрена истрага против Црвена звезда по неколку основи: влегување на навивачите на теренот по завршувањето на натпреварот, користење на пиротехника, нанесување материјална штета на стадионот, фрлање предмети на теренот и поради црвениот картон што го доби помошниот тренер Милан Косановиќ.

Случајот, дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледува на 7.септември.

Црвена звезда, поради однесувањето на навивачите, веќе беше ригорозно казнета ова лето. Белградскиот клуб два натпревари требаше да одигра без публика. Поради тоа мечот со Салцбург се одигра пред празни трибини, а потоа УЕФА ја прифати жалбата на клубот и казната ја намали на еден натпревар.

Меѓутоа последниот случај може да значи дека УЕФА ќе ја врати првобитната одлука и ќе ги затвори портите на стадионот „Рајко Митиќ“ за натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите на 18.септември.

УЕФА, исто така, покрена дисциплинска постапка и против домаќинот на натпреварот Салцбург, а одлуката ќе биде соопштена на 27.септември.

Scroll to Top