Битката за потписот на Деклан Рајс продолжува со полна сила. Капитенот на Вест Хем го бараат Манчестер Сити и Арсенал, а заинтересиран е и Челси.
Откако беше одбиена понудата на „топчиите“, сега и раководството на Манчестер Сити испрати понуда за англискиот репрезентативец.
Понудата на Манчестер Сити изнесува 80 милиони фунти, плус 10 милиони преку бонуси. Се очекува „чеканите“ да ја одбијат и оваа понуда, бидејќи лондончани бараат околу 100 милиони за својата ѕвезда.
Манчестер Сити бара нов квалитетен играч за врска откако Илкај Гундоган го напушти „Етихад“ и потпиша за Барселона.