Матео Ретеги, италијанскиот репрезентативец од Аргентина, одигра два натпревари за „аѕурите“ и постигна два гола. Фудбалерот на Тигре последните две сезони беше ефикасен во аргентинскиот шампионат и се знаеше дека неговото доаѓање во Европа е неизбежно.
По добивањето на италијанскиот пасош, тој стана посебно интересен за клубовите од Серија А, каде што доаѓа како домашен играч, а Интер долго време беше најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Сепак, ситуацијата во последните денови се промени и Ретеги практично е нов играч на Фиорентина.
Директорот на клубот, Аргентинецот Хавиер Бурдисо, е во Аргентина на преговори со претставниците на Тигре и на Бока Јуниорс, кои поседуваат одредени проценти од сопственоста на напаѓачот.
Ретеги е проценет на околу 15 милиони евра и Фиорентина е блиску до негов ангажман. Како што истакнуваат, тој треба да биде замена за Артуро Кабрал.
Ретеги за Тигре одигра 63 натпревари и постигна 34 гола.