Top Sport

Јунајтед го повлекле новиот договор за Де Хеа, сакаат уште повеќе да ја намали платата

Покрај тоа што Манчестер јунајтед уште не се ниту блиску до носење на засилувања во летниот преоден рок, тие очигледно не се поготвени да ги задржат и своите активни фудбалери, откако според „Атлетик“ ја смениле понудата за нов договор на голманот Давид де Хеа, нудејќи уште помала плата.

Иако Ерик Тен Хаг најави дека сака да го задржи шпанскиот голман, шпекулациите велеа дека клубот веќе бара замена, додека во исто време преговара со Де Хеа за да го убеди да прифати да ја намали неделната плата од 350.000 фунти. „Атлетик“ тврди дека откако биле договорени условите за продолжување на договорот, Јунајтед се повлекле и сега бараат тој уште повеќе да ја намали платата.

Тие додаваат дека преговорите продолжуваат, но дека Шпанецот има и понуда од Саудиска Арабија. Јунајтед, пак, размислуваат да понудат 50 милиони фунти за голманот на Интер, Андре Онана.

Scroll to Top