Top Sport

Милан го добива Лофтус-Чик

Рубен Лофтус-Чик ќе биде ново засилување за Милан, откако е договорен трансферот од Челси за 16 милиони евра и 4 милиони евра бонус, тврдат повеќе италијански и англиски извори.

Лофтус-Чик помина во Челси речиси две децении, но се мачеше за настапи по позајмицата во Кристал палас во 2017 година, каде што имаше одлична сезона. „Росонерите“ го бркаа 27-годишниот Лофтус-Чик од мај, тогаш под водство на техничкиот директор, Паоло Малдини.

Лофтус-Чик одигра 155 меча за Челси откако излезе од академијта на клубот. Тој би требало да го замени Сандро Тонали, кој е пред договор со Њукасл.

Scroll to Top