Австралискиот бизнисмен Арон Д’Соуза ќе организира таканаречени „Засилени игри“ (Enhanced Games) следнатата година како алтернатива на „корумпираното“ олимписко движење, на кое ќе нема допинг-тестови, односно допингот ќе биде целосно дозволен.
„Планот останува истиот. Еден британски спринтер е меѓу 200-те спортисти кои појавија интерс за настап на нашите игри. Нашиот план е да се порази целосно Олимпијадата и да станеме доминантен спортски настан. Или во најлош случај да има две Олимпијади – природна и засилена. Нашите игри ќе бидат за суперехерои“, вели Д’Соуза, кој е познат адвокат кој стана славен како претставник на Хулк Хоган.
На нивните социјални мрежи, организаторите објавија видео од анонимен допингуван спортист кој трча 100 метри за рекордни 9.49 секунди.
„Јас сум најбрзиот човек на светот, но не сте слушнале за мене. Го срушив рекордот на Јусеин Болт, но не смеам да ви го покажам лицето. Јас сум горд ‘засилен’ спортист. Олимпијадата ме мрази. Тоа мора да сопре. Потребна е помош светот да ја прифати науката“, вели тркачот.
Во планот на Д’Соуза се Игри во декември 2024 во кои ќе има натпреварувања во атлетика, пливање, кревање товар, гимнастика и борбени спортови.
He is the fastest man in the world. He has broken Usain Bolt’s 100m record.
But the world isn’t ready for him. The Olympics hate him.
He has been vilified. He will be vindicated.
Come watch him compete at the 2024 Enhanced Games. pic.twitter.com/iop3IUptGz
— enhancedgames (@enhanced_games) June 19, 2023
We are in the midst of a long twilight struggle.
Enhanced athletes have long been vilified and humiliated for their stance on bodily autonomy and science.
We believe that science is real.
Will you join the athletes of the world?
Or will you stand against them? pic.twitter.com/V4TJmiCXWC
— enhancedgames (@enhanced_games) June 19, 2023