Фудбалерот на Манчестер јунајте, Антони преку социјалните мрежи порача дека е „лажно обвинет“ за домашно насилство од поранешната девојка, Габриела Кавалин, која минатиот месец според бразилските медиуми го пријавила фудбалерот во полиција за „домашно насилство, закани и телесни повреди“.
Таа тврди дека Антони ја нападнал на 20 мај, истиот ден кога Бразилецот играше за Јунајтед против Борнмут во Премиерлигата. Кавалин, која е диџеј и инфлуенсер, во неодамнешно интервју тврдеше дека добивала закани за својот живот.
„Ја дадов мојата изјава пред полицијата која ја води истрагата, и сакав првпат да проговорам откако лажно ме обвинија за напад. Останав без коментар досега за ништо да не пречи во истрагата, и во овие денови јас и моето семејство страдавме во тишина. Иако сум роден и израснат во сиромашна заедница, никогаш не сум бил во ваква ситуација во која лажно обвинение носи јавна осуда од некои луѓе. По крајот на истрагата ќе се докаже дека сум невин. Правдата ќе победи и штетата ќе биде во минатото“, напиша Антони.
Antony has released the following statement. #mufc pic.twitter.com/bFKBwGERsv
— The United Stand (@UnitedStandMUFC) June 28, 2023