Милан започна преговори со крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре. 27-годишниот Шпанец станува слободен играч и „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш за да разговараат за можноста за негов трансфер на „Џузепе Меаца“.
Тренерот Стефано Пиоли даде „зелено светло“ за зделката. И самиот Траоре е заинтригиран од можноста да го облече дресот на „росонерите“ и се очекува договор да биде постигнат во наредните денови.
Адама Траоре му се приклучи на Вулверхемптон од Мидлсборо во 2018 година. Во тимот на Вулвс одигра 194 натпревари, постигна 14 гола и забележа 20 асистенции. Во 2022 година, тој помина една сезона на позајмица во Барселона.