Top Sport

Нема промени во Мото ГП календарот

Светската мото федерација го објави привремениот календар на трките за наредната сезона, во Мото ГП шампионатот. Според она што е објавено, во 2019 година, нема да има никакви промени во однос на актуелната сезона, иако постоеја најави дека од наредната година во календарот ќе има 20 трки.

Носителот на комерцијалните права „Дорна“, имале желба во календарот да влезе и Мемксико сити, меѓутоа од оваа трка е прескокната од безбедносни причини.

Исто така, нема да се вози ниту на патеката во Финска, која се уште е во изградба.

Сезоната во 2019 година ќе започне на 10.март во Катар, а ќе заврши на 17.ноември во Валенсија.

Возачите наредната сезона ќе имаат подолга летна пауза, која ќе трае од 7.јули до 4.август.

Scroll to Top