Top Sport

Стадионот „Вила парк“ непрепознатлив – фрлени 7.000 тони земја

„Вила парк“, стадионот на Астон вила во Бирмингем е трансформиран во тркачка арена за Светскиот суперкрос мотоциклистички шампионат, поради што на теренот на славниот стадион беа донесени 7.000 тони земја.

Мотоциклистичкиот шампионат ќе се одржи на 1 јули, каде што 40 од најдобрите возачи ќе се натпревруваат на Британското ГП за награди до 250.000 фунти. Ова е првпат во 149-годишната историја на стадионот тој да биде вака трансформиран, а за тоа беа потребни 350 камиони земја.

Теренот повторно ќе стане фудбалски пред следниот домашен меч на Вила, пријателски меч со Лацио на 3 август.

Scroll to Top