Top Sport

Ферстапен во „војна“ со Хамилтон: Кога победуваше, не зборуваше така

Светските шампиони Луис Хамилтон и Макс Ферстапен влегоа во војна на зборови пред Австриското ГП, откако Хамилтон побара промена на правилата за развој на болидите по доминацијата на Ред бул рејсинг во последните две години во Ф1 шампионатот.

Хамилтон побара ФИА да го ограничи времето кога тимовите можат да почнат со развој на болидите за следната година.

„Мислам дека ФИА треба да постави термин од кој смее да се почне со развојот на болидот за следната година. На пример, од 1 август, за сите да можат да почнат без предност. Тоа би имало смисла. На пример ја почнуваш сезоната и знаеш дека имаш лош болид, сега можеш да ги пренасочиш сите пари на болидот за следната година“, препорача Хамилтон.

Мерцедес освоија седум титули кај возачите во низа, шест на Хамилтон и една на Нико Розберг од 2014 до 2020 година. Претходно, Ред бул освоија четири по ред со Себастијан Фетел, пред тоа Фернандо Алонсо двапати со Рено, а претходно Михаел Шумахер пет пати за Ферари.

Ферстапен мораше да одговори.

„Не зборувавме за такви промени кога тој ги освојуваше титулите, нели? Затоа мислам дека нема потреба ниту сега. Така функционира Формула 1. Кога имате конкурентен болид, тогаш е одлично. Нормално е тие кои се зад нас да гледаат на следната година. Но, не треба да заборават дека кога победуваа немаа такви коментари“, вели Ферстапен.

Scroll to Top