Top Sport

(Видео) Бејл: Роналдо беше лут ако Реал победеше со 5:0, а тој не дадеше гол

Герет Бејл, сега веќе пензионираниот Велшанец, вели дека неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо би бил бесен ако Реал Мадрид победеле со 5:0, а тој не бил меѓу листата на стрелците.

Бејл и Роналдо беа дел од вторите „галактикоси“ на Реал Мадрид, доминирајќи во Лигата на шампионите, и Бејл одговара искрено за менталитетот на неговиот соиграч.

„Тој беше всушност океј. Имаше свои моменти, каде што на пример, ако победевме со 5:0 и тој не дадеше гол, тогаш ќе влезеше во соблекувалната и ќе ги фрлеше копачките како да беше лут. Тој беше одличен човек, немавме никаков проблем со него, и секогаш имаше врвен менталитет“, вели Бејл.

Scroll to Top