Top Sport

Вознијацки по тригодишна пауза му се враќа на тенисот

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Данката Каролина Вознијацки, одлучи да се врати од „пензија“ и да ја продолжи професионалната кариера.

Таа на својот Инстаграм потврди дека по тригодишна пауза во која стана мајка и роди две деца, ќе се врати на најголемата сцена.

„Во изминатите три години надвор од спортот морав да се посветам на семејството, да станам мајка и сега имам две прекрасни деца на кои сум многу благодарна. Но, сè уште имам цели што сакам да ги постигнам. Покажете им на вашите деца дека можете да ги следите вашите соништа без разлика на возраста или улогата. Семејно одлучивме дека е време. Се враќам и ќе играм и едвај чекам“, објави 32-годишната Каролина Вознијацки.

 

Scroll to Top