Top Sport

Ретклиф пред Јунајтед сакал да ја купи Барселона

Најбогатиот Англичанец, Сер Џим Ретклиф пред да поднесе понуда да го купи Манчестер јунајтед, се обидел да стане делумен сопственик во Барселона, но од каталонскиот клуб одбиле таква понуда. Ретклиф во моментов покрај катарскиот шеик Џасим е најсериозен кандидат да стане газда на „ѓаволите“.

Според „Тајмс“, во новата книга Ретклиф, кој е шеф на хемискиот гигант ИНЕОС, сакал да инвестира во Барселона кога на чело на клубот пристигнал Жоан Лапорта.

„Имавме интересен разговор. Им кажавме да не продаваат дел од комерцијалните права, дека ние ќе ставиме две-три милијарди, ќе го реновираме ‘Ноу Камп’ и ќе останеме со 50 отсто сопственост, за кое ќе потпишеме дека никогаш нема да го продадеме. Интересот беше во фудбалот, а не во парите. Но, на крајот тие мислеа дека не можат да ги убедат своите навивачи. Патот по кој сега одат е катастрофа. Се обидовме да им го кажеме тоа, но власта во Барса е привремена, претседателот доаѓа и си оди за пет години. Сега имаат продадено дел од ТВ-правата и комерцијалните права за следнит 25 години“, вели Ретклиф.

Scroll to Top