Top Sport

Зидан би сакал да му биде тренер на Мбапе

Зинедин Зидан признава дека би сакал да има шанса да работи со Килијан Мбапе во иднината, давајќи им надеж на навивачите на Пари Сен-Жермен дека ќе седне на нивнатата клупа и покрај неизвесната иднина на Мбапе, кој потврди дека нема да потпише продолжувње на договорот.

Зидан, кој на двапати имаше успешен период на клупата на Реал Мадрид, според шпекулациите има желба да стане нов француски селектор на местото на поранешниот соиграч од репрезентацијата, Дидие Дешам.

„Кога си тренер и имаш играч како него, секако, желбата е да работиш со него. Многу работи може да се случат, па и тоа еден ден. Тој е играч кој игра за Франција, знаете. Во секој случај го респектирам за та што го прави. Тој е прекрасен играч, со вештина и сила“, вели Зидан, кој е без работа по второто заминување од Реал на крајот на сезоната 2020/21.

Scroll to Top