Top Sport

Џанлуиџи Буфон размислува да стави крај на кариерата

Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон, размислува да стави крај на кариерата. Легендарниот италијански голман ќе донесе конечна одлука во рок од неколку дена. Тој исто така има опција да остане во Парма или да се пресели во клуб од Саудиска Арабија.

Минатата сезона, 45-годишниот Буфон настапи на 19 натпревари во сите конкуренции, прими 24 гола и имаше пет „чисти мрежи“.

Тој се повреди на мечот од плеј-офот за влез во Серија А против Калјари, а на крајот неговиот клуб не успеа да се врати во елитата.

Договорот на Буфон со клубот од „Енио Тардини“ е до 2024 година.

Поранешниот италијански репрезентативец учествуваше на пет светски првенства и ја подигна титулата во 2006 година. На клупско ниво, тој е еден од најдобрите голмани на сите времиња, има десет шампионски титули на Италија со Јувентус и еден трофеј во Франција со Пари Сен Жермен.

 

Scroll to Top