Откако остана без договор на 1 јули, шпанскиот голман Давид де Хеа се ожени со својата долгогодишна партнерна Едурне како невработен фудбалер.
„Не можеме да бидеме посреќни“, напиша Де Хеа на Инстаграм по свадбата во саботата, инаку првиот ден кога е без договор по крајот на соработката со Манчестер јунајтед.
Иако е официјално слободен агент, Де Хеа продолжува со преговорите со Манчестер јунајтед, кои му понудиле договор со драстично помала плата, додека во исто време преговараат со Интер за трансферот на неговата замена, Андре Онана. Де Хеа е поврзуван со трансфер во саудискиот клуб на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, но неговата иднина останува неизвесна.