Падот во формата на еднаш недостижниот тим на Мерцедес продолжува, откако дури и шефот на „сребрената стрела“, Тото Волф мораше саркастично да му подели совет на седумкратниот шампион, Луис Хамилтон на Австриското ГП
Хамилтон беше еден од првите возачи во Шпилберг кој доби казна од 5 секунди за излегување од патеката, правејќи го тоа трипати во првите 15 кругови и се пожали на лошото управување на болидот. Подоцна, тој се расправаше со неговиот тркачки инженер, Пит „Боно“ Бонингтон додека беше на седмото место, за да се вклучи Волф.
„Луис, болидот е лош. Знаеме. Те молам, вози го“, му порача Волф.
Toto Wolff: "Lewis, sabemos que o carro é ruim. Por favor, pilote"
RAPAZ pic.twitter.com/kaIHg7Q7Yn
— Esporte Na Band (@esportenaband) July 2, 2023