Барселона, конечно, го добива бразилскиот талент Витор Роке, договарајќи се со Атлетико Паранаенсе за трансфер во Каталонија, тврдат повеќе шпански и бразилски медиуми.
Барселона ќе плати оддлични 35 милиони евра за 18-годишниот Бразилец, кој веќе дебитираше за бразилската репрезентација, и тој ќе потпише шестгодишен договор со дополнителни 10 милиони евра во бонуси во договорот. Сепак, најверојатно, тој нема да пристигне на „Ноу Камп“ ова лето поради финансиските проблеми околу регистрацијата на фудбалери, и ќе го засили тимот на Чави Ернандез во јануари.
Барселона повеќе од една година се обидува да се договори со фудбалерот, кој во Бразил се смета за еден од најталентираните фудбалери кои се пробиле на сцената во последната деценија.