Top Sport

Мбапе ќе го фрли ПСЖ во финансиска криза

Челниците на ПСЖ интензивно преговараат со Килијан Мбапе околу можноста тој да го продолжи договорот со клубот.

„Лекип“, наведува дека претставници на Мбапе и ПСЖ разговарале за иднината на најдобриот играч на „светците“, но француските медиуми тврдат дека нема многу работи за кои двете страни имаат исто мислење.

Мбапе има договор со францускиот шампион до 30 јуни следната година. Тој пред неколку недели им порача на клупските челници дека нема да го продолжи договорот до 30 јуни 2025 година.

Француските медиуми потсетуваат дека тоа во пракса значи дека Мбапе би можел без обештетување да го напушти ПСЖ на крајот од следната сезона. Раководството на „светците“ се обидува да го убеди Мбапе да не го напушта клубот следното лето како слободен играч, бидејќи тоа би му предизвикало бројни финансиски проблеми на шампионот на Франција.

„Лекип“, пишува дека клупските челници го потсетиле Мбапе на неговото ветување дека нема да го напушти ПСЖ без отштета, бидејќи во тој случај клубот ќе има проблеми со финансискиот фер-плеј.

Француските медиуми истакнуваат дека челниците на ПСЖ се под голем притисок, бидејќи доколку сакаат да заработат на трансферот на Мбапе, мора да го продадат својот најдобар играч до крајот на август.

Мбапе (24) во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако, за клубот одигра 260 натпревари и постигна 212 гола.

Scroll to Top