Top Sport

Скариоло повика 16 играчи за Мундобаскетот

Шпанија го објави составот за претстојното Светско првенство во кошарка.

Репрезентативците на Шпанија светската титула освоена во Кина во 2019 година, ќе ја бранат од 25 август до 10 септември.

Мундобаскетот овојпат се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини, а Шпанците го објавија составот:

Алберто Абалде, Алекс Абринес, Санти Алдама, Дарио Брисуела, Виктор Клавер, Алберто Диас, Хамес Фернандез, Руди Фернандез, Усман Гаруба Хуанчо Ернангомез Вили Ернангомез, Серхио Љуљ, Џоел Пара, Хаиме Прадиља, Рики Рубио, Себас Саис.

Од составо кој лани го освои златниот медал на Евробаскетот има десет играчи, недостигаат само Лоренцо Браун и Чаби Лопес-Аростеги.

Несомнено е дека Шпанците имаат посилен тим од оној што ја покори Европа и дека повторно ќе бидат меѓу главните претенденти за медали.

Селектор на тимот е искусниот италијански тренер Серхио Скариоло.

Scroll to Top