Top Sport

Интер им ги продолжи договорите на Чалханоглу и Бастони

Интер потврдија дека Алесандро Бастони и Хакан Чалханоглу потпишале нови договори со клубот, со што „нераѕурите“ се надеваат дека ги обврзале своите клучни играчи за иднината, пред пристигнувањето на Давиде Фратези од Сасуоло.

Дефанзивецот Бастони го продолжи договорот до јуни 2028 година, додека главниот во средниот ред на Интер, Чалханоглу останува на „Меаца“ барем до јуни 2027 година.

29-годишниот Чалханоглу пристигна во Интер од градскиот ривал Милан како слободен играч во 2021, и имаше договор до 2024 година. Тој имаше 12 гола и 21 асистенции во 95 меча за Интер.

24-годишниот Бастони, пак, постигна 4 гола во 164 настапи за Интер по трансферот од Аталанта за 30 милиони евра во 2019 година. Тој беше поврзуван со трансфери во Тотенхем или Манчестер сити, но останува во клубот за кој навива.

Scroll to Top