Top Sport

Сојунџу е второто засилување за Атлетико ова лето

Атлетико Мадрид го потврди пристигнувањето на турскиот репрезентативец, Чаглар Сојунџу на „Метрополитано“ како слободен играч по крајот на неговиот договор со Лесттер сити.

Сојунџу потпишува четиригодишен договор и е второ засилување за тимот на Диего Симеоне по Хави Галан од Селта Виго.

27-годишниот Сојунџу имаше договор со Атлетико уште пред неколку месеци, и носи потребно засилување во централната одбрана на „рохибланкос“.

Scroll to Top