Милан му понудиле на Вест хем јунајтед трампа Дивок Ориги-Џанлука Скамака, тврдат италијанските медиуми, но англискиот премиерлигаш бара и дополнителни средства.
Скамака минатото лето премина од Сасуоло во Вест хем за 36 милиони евра, но имаше разочарувачка сезона под Дејвид Мојс и е подготвен да се врати во Италија. Според „Скај Спорт Италија“, Милан и Рома се подготвени да го земат Скамака на позајмица, но „чеканите“ бараат постојан трансфер.
Ориги пристигна во Милан како слободен играч по крајот на договорот со Ливерпул, но исто така имаше катастрофална сезона, со два гола и една асистенција во 36 меча. 28-годишниот Белгиец беше повреден во поголемиот дел од сезоната.
Sky – Milan, novità Scamacca: i rossoneri hanno proposto Origi al West Ham https://t.co/1RWHcBoA2q
— MilanNews.it (@MilanNewsit) July 5, 2023