Top Sport

Ѓоковиќ се намачи со Томпсон, но стигна до 30. победа во низа на Вимблдон

Актуелниот шампион и освојувач на рекордни 23 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон, победувајќи го упорниот Австралиец Џордан Томпсон со 6:3/7:6(4)/7:5, за да обезбеди меч против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери или швајцарскиот ветеран Стен Вавринка.

Во ден кој повторно беше одбележан со одложувања на мечеви поради дождот во Лондон, Ѓоковиќ пристојно се испоти против Томпсон во 2 и пол часа на теренот. Ова беше неверојатна 30-та последователна победа на Србинот на терените на „Ол Ингланд клубот“ и во исто време уште поневеројатна 350. победа на гренд слем турнирите.

Почетокот беше фантастичен за светскиот рекет број 2, и тој со еден брејк стигна до 1:0 предност, но потоа Томпсон успеа да го неутрализира сервисот на Ѓоковиќ, и во драматичен тај-брејк во вториот сет по час игра Ѓоковиќ сепак да биде најдобар кога беше најпотребно. Во последниот сет, двајцата тенисери не успеаја да стигнат до брејк до самиот финиш, кога Србинот во 12. гем направи брејк за победа.

Scroll to Top