Top Sport

Тинејџерката Андреева во третото коло на Вимблдон

Руската тинејџерка, Мира Андреева се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако нејзината противничка, 11. носителка, Барбора Крејчикова се повлече од мечот при 6:4/4:0 негатива поради повреда.

Андреева, која е најмладата тенисерка која ги минала квалификациите за Вимблдон по Коко Гоф во 2019 година, имаше четири аса и 14 ддиректни победнички топки и сега ќе игра против подобриот од мечт помеѓу нејзината сонародничка Анастасија Потапова или Словенката Каја Јуван.

Својот меч од првото коло, одложен поради дождот, го комплетираше и Германецот Александер Зверев, победувајќи го Холанѓанецот Гијс Бруер со 6:4/7:6(4)/7:6(5). Вимблдон останува единствениот гренд слем на кој Зверев го нема поминато четвртото коло, каде што загуби двапати во 2017 и 2021 година.

Во второто коло е и италијанскиот специјалист за игра на трева, Матео Беретини, откако ја доби битката со својот сонародник Лоренцо Сонего со 6:7(5)/6:3/7:6(7)/6:3. Следен за Беретини е австралискиот 15. носител, Алекс де Минаур.

Во меч од второто коло, пак, седмиот носител, Андреј Рубљов во руски меч го совлада својот добар пријател Аслан Карацев со 6:7(4)/6:3/6:4/7:5.

Scroll to Top