Иван Перишиќ е на чекор пред спектакуларно враќање во Хајдук, тврдат италијанските медиуми, најавувајќи дека тој ќе го раскине договорот со Тотенхем и ќе се врати дома во Сплит со семејството.
34-годишниот Перишиќ пристигна во Тотенхем како засилување под претходниот менаџер Антонио Конте, и имаше 44 меча за лондонскит клуб. Хрватскиот репрезентативец го минува летниот одмор во Сплит, и на социјалните мрежи навивачите на „билите“ бараат тој да го исполни ветеното.
Минатата година, на прославата на бронзениот медал од СП во Катар, тој вети дека ќе се врати во Хајдук, клуб во кој беше јуниор, но си замина во Сошо пред да има ден настап за сениорскиот тим во 2006 година.
„По титулата со нашиот Хајдук, кажав дека наскоро ќе се вратам. Нема уште долго време да чекате“, изјави тогаш Перишиќ.
#Calciomercato | @SpursOfficial, #Perisic è vicino al ritorno all'@hajduk https://t.co/rr8SfAavw8
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 6, 2023