Top Sport

Кака ќе му стане помошник на Анчелоти во Бразил?

Легендата на Милан, Кака ќе биде дел од техничкиот тим на Карло Анчелоти кога италијанскиот тренер ќе стане селектор на Бразил, тврди „Ла газета дело спорт“.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) потврди дека Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил по Копа Америка во 2024 година, а откако Кака и неговиот сонародник Кафу биле клучни во преговорите со тренерот, можно е двајцата да бидат ел од неговиот тим.

Анчелоти останува под договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, а дотогаш привремен селектор на Бразил ќе биде Фернандо Диниз. Кака постигна 95 гола во 270 меча под Анчелоти во Милан, освојувајќи титула од Лигата на шампионите.

Scroll to Top