Британските тешкаши Ентони Џошуа и Дилијан Вајт ќе се сретнат по вторпат на 12 август во „О2 арената“ во Лондон, во обид двајцата да влезат во конкуренција за меч за шампионски појас.
Џошуа го совлада Вајт со технички нокаут во седмата рунда во декември 2015, исто така во Лондон, но оттогаш формата на Џошуа беше променлива по двата порази од Олександер Усик, а Вајт доживеа два нокаути во последните четири меча, еднаш од Александер Поветкин и еднаш од Тајсон Фјури.
Поранешниот шампион Џошуа се врати во рингот во април по седум месеци, победувајќи го на поени американскиот тешкаш Џермејн Френклин.