Top Sport

(Видео) Броуди по победата над Руд: И кажав на мајка ми да се смири, веќе имам 80.000 фунти

Кај мажите, најголемото изненадување досега на Вимблдон го направи Британецот Лајам Броуди, кој во пет сета го елиминираше четвртиот носител и финалист од Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд со 6:4/3:6/4:6/6:3/6:0. Руд, кој има две финалиња на Ролан Гарос и едно на САД опен, ниту еднаш во кариерата го нема поминато второто коло на Вимблдон.

29-годишниот Броуди, кој е на 142. место на АТП листата, одигра неверојатен последен сет поддржуван од гласната публика добивајќи го со 6:.

„Кога си легнував вчера мислев што да кажам ако победам, но сега сум тука и едноставно немам зборови. На мајка ми пред мечот и кажав дека заработив 80.000 фунти досега и дека може смирено да го гледа овој меч“, вели Броуди.

Scroll to Top