Милан потврдија дека потпишале договор со аргентинскиот тинејџер Лука Ромеро на слободен трансфер од Лацио, за кои последните две сезони имаше 14 настапи.
18-годишниот Ромеро, роден во Мексико од аргентински родители, е преселен во Шпанија од својата трета година, каде што ја почна фудбалската кариера во академијата на Мајорка, пред во 2021 да се пресели во Лацио.
Тој потпишува четиригодишен договор со Милан и е трето засилување на „росонерите“ ова лето по Рубен Лофтус-Чик од Челси и голманот Марко Спортиело од Аталанта, додека го продадоа Сандро Тонали на Њукасл.
✍️ Luka Romero ✍️
Official Statement ➡️ https://t.co/ywVKhOWOaJ
Comunicato Ufficiale ➡️ https://t.co/8XnIFeEqvf
#ACMQuest #SempreMilan pic.twitter.com/sNA18vrWkt— AC Milan (@acmilan) July 6, 2023