Top Sport

Арсенал го потврдија заминувањето на Гранит Џака, тој потпиша петгодишен договор со Баер

Гранит Џака по седум години ќе си замине од Арсенал и ќе потпише за Баер Леверкузен, потврдија од англискиот клуб. Џака пристигна во Арсенал за 35 милиони фунти во мај 2016 година од Борусија Менхенгладбах и помина седум бурни сезони на „Емирати“, во кои беше капитен, па ја загуби позицијата по конфликтот со навивачите, пред повторно да ја добие довербата на менаџерот Микел Артета.

30-годишниот швајцарски репрезентативец си заминува со 296 настапи за „топчиите“, 21 гол и 29 асистенции.

„Се збогуваме со фантастичен фудбалер и личност која сите ја засакавме во клубот. Гранит имаше неверојатен пат со клубот и го даде својот максимум. Неговото влијание на соиграчите и на колегите само покажува колку беше популарен во нашиот клуб. Му посакуваме најдобро нему и на неговото семејство“, вели Артета.

Scroll to Top